Доктор
Д-Р САШО ЃОРЃИОСКИ
д-р Сашо Ѓорѓиоски, како дел од помладата генерација медицински стручњаци во државата, речиси една деценија храбро ги освојува највисоките офталмолошки врвови, со што на нашите граѓани им ги приближува најновите европски и светски трендови и достигнувања во насока на подобро очно здравје.

Вклучувајќи се во тимот на Специјалната очна болница „Деница“ предводен од д-р Виолета Бучковска уште од самите почетоци, Ѓорѓиоски дава активен придонес во насока на издигнување на вкупните здравствени стандарди. Област од посебен интерес на д-р Ѓорѓиоски е офталмолошката дијагностика, медикал ретина, како и хирургијата на предниот сегмент на окото.
Област
Специјалист Офталмолог
Поле на експертиза
Катаракта
Образование
2003 Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Р. Македонија 2012 Специјализација по офталмологија – Медицински факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, Р. Македонија
Работно искуство
2012 – 2013 ПЗУ Enterpreyes 2013 – 2017 ПЗУ Неуромедика Од 2017 ПЗУ Специјализирана Болница по Офталмологија “Деница”