Нашите услуги

Целосна грижа за здравјето на вашите очи

Од редовен преглед до најсовремена дијагностика и хирургија — стручна грижа во секој чекор.

Офталмолошки преглед во Деница

Дијагностика со прецизност

Нашите искусни лекари ја користат најновата технологија за да обезбедат сеопфатен преглед. Навременото откривање може да биде од голема помош за превенција или лекување.

Прегледи
Дијагностика
Ласер
Хирургија
“Црвен ласер” – безбедна алтернатива во третманот на глауком

“Црвен ласер” – безбедна алтернатива во третманот на глауком

Глаукомот e една од водечките причини за неповратно слепило во светот, Toj доведува до прогресивно оштетување на очниот нерв. Третманот на глауком вклучува различни процедури – третман со капки, ласерски третман, оперативен зафат. Првата ласерска процедура ја извршиле Бекман и неговите колеги во 1972 година, а оттогаш се имплементирани разни други ласерски процедури.

Прочитај повеќе
ДИЈАГНОСТИКА И ТЕРАПИЈА НА ГЛАУКОМ

ДИЈАГНОСТИКА И ТЕРАПИЈА НА ГЛАУКОМ

За дијагностицирање на глаукомот се прават повеќе испитувања.

Прочитај повеќе
ДИЈАГНОСТИКА И ТЕРАПИЈА НА ПРЕДЕН И НА ЗАДЕН СЕГМЕНТ НА ОКОТО

ДИЈАГНОСТИКА И ТЕРАПИЈА НА ПРЕДЕН И НА ЗАДЕН СЕГМЕНТ НА ОКОТО

Прегледот и поставувањето на дијагноза како на предниот така и на задниот сегмент на окото се започнува со земање на детална анамнеза во што спаѓа: главни тегоби зошто пациентот се јавува на офталмолог; сегашна болест односно од кога почнале тегобите и како хронолошки се јавиле истите; историја на болести на окото и евентуално аплицирање на одредени очни медикаменти; дали пациентот боледува од одредени системски болести; фармаколошка анамнеза, алергии, социјална анамнеза, како и семејна анамнеза. Во продолжение, на темелот на резултатите од истакнатото, следува: • Компјутеризирано мерење на рефракцијата; • Одредување на видна острина (со и без корекција); • Мерење на очен притисок (тонометрија); • Испитување на реакција на зеницата; • Испитување на мотилитет на очите; • Биомикроскопски преглед на предниот сегмент на окото; • Директна или индиректна офталмоскопија. Откако ке се направи деталниот преглед и ќе се постави базичната дијагноза, доколку има потреба се прават и други дополнителни дијагностички испитувања со цел да се потврди или да се исклучи одредено заболување. Потоа, на темелот на истакнатото, се пристапува кон ординирање на терапијата врз основа на поставената дијагноза и се закажува контрола по извесен период за да се намали или потполно да се исклучи ординираната терапија .

Прочитај повеќе
ДИЈАГНОСТИКА НА ВИДНОТО ПОЛЕ – КОМПЈУТЕРИЗИРАНА ПЕРИМЕТРИЈА

ДИЈАГНОСТИКА НА ВИДНОТО ПОЛЕ – КОМПЈУТЕРИЗИРАНА ПЕРИМЕТРИЈА

Видното поле представува проекција на функционалниот дел од мрежницата во просторот, односно проекција на сите ретинални точки на кои може да започнат визуелните сензации .

Прочитај повеќе
EХO ДИЈАГНОСТИКА

EХO ДИЈАГНОСТИКА

Ултразвучна дијагностика Принципот на работа на ултразвукот се темели на емитување на звучни бранови со висока фреквенција со помош на специјална сонда и анализа на повратните сигнали. Компјутерот го анализира повратниот звучен сигнал, го обработува и го прикажува како дводимензионална слика на мониторот. Во клиничката пракса, за време на ултразвучната дијагностика можеме да користиме: • А-scan или ултразвучна биометрија . А-скенот се користи за одредување на аксијалната должина на очното јаболко и со кератометријата внесена во соодветен софтверски програм служи за прецизно пресметување на јачината на вештачката леќа кај операцијата на катаракта. Прегледот се изведува со локална анестезија преку директно допирање на ултразвучната сонда на рожницата од окото; • Б-скен ултразвук . Б-скенот обезбедува прецизна дводимензионална слика за внатрешноста на окото и за орбитата, темелен на акустична густина на различни ткива. Во зависност од акустичните својства, различните ткива се прикажани во различни нијанси на сивата боја. Б-скенот е неопходен кога оптичките медиуми на окото не се транспарентни (заматена корнеа, катаракта, крварење во стаклестото тело и.т.н) и не е можно да се види внатрешната структура на окото, како и на очното дно. Б-скенот се користи за дијагноза на ретинална аблација, аблација на садовницата, аблација на стаклестото тело, интраокуларно крварење, визуелизација на туѓи тела во окото, интраокуларни тумори, како и епиретинални мембрани. Освен споменатото, исто така, со ултразвукот може да се дијагностицираат патолошките промени во орбитата (очната дупка) и лесно да се измерат мускулите на очното јаболко. Преглед со Б-скенот е безболен и се изведува со допирње на сондата на површината на капакот, обложен со гел, во неколку дијагностички насоки.

Прочитај повеќе
ФЛУОРЕСЦИНСКА АНГИОГРАФИЈА

ФЛУОРЕСЦИНСКА АНГИОГРАФИЈА

Ретиналната флуоресцинска ангиографија претставува дијагностичка метода на испитување на циркулацијата на ретината и хороидеата преку користење на контрастно средство, кое е неоходно во дијагностиката и следењето на болестите на мрежницата (ретината) или садовницата (хороидеата). Претставува основен дијагностичен метод каде ин виво се набљудуваат патолошките процеси во задниот сегмент. Во зависност кој дел од задниот сегмент треба да се фотографира, постојат два типа на контраст: • Флуоресцин за испитување на циркулацијата на ретината, како и • Индоцијанин за испитување на хороидеата. Испитувањето се прави откако ќе се прошират зениците на пациентот. Се вбризгува во вена контрасно средство и со посебен апарат (ангиограф), се прават серија на снимки во времетраење од 10 минути. Со снимањето се утврдува дали има истекување на течност од крвните садови и според добиените резултати се одредува начинот на лекувањето на пациентот.

Прочитај повеќе
ХИРУРГИЈА НА ГЛAУКОМ

ХИРУРГИЈА НА ГЛAУКОМ

Глаукомот е болест која сеуште не може да се излечи. Меѓутоа, со терапија и редовни контроли, таа успешно може да се контролира. Третманот на глаукомот се состои од локална терапија во вид на капки кои имаат дејство на зголемување на дренажата на очната водичка или намалување на нејзиното создавање. Овие капки може да се даваат поединечно или комбинирано. Доколку и покрај терапијата очниот притисок не паѓа и има прогресија на глаукомот, може да се пристапи кон хируршки третман на глаукомот или селективна ласер трабекулопластика.

Прочитај повеќе
ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТА

ХИРУРГИЈА НА КАТАРАКТА

Катаракта (во народот познато како перде) е заматување на природната леќа, која се наоѓа внатре во окото. Тоа ја спречува светлината нормално да продре во окото и заради тоа може да предизвика намалување на видот и осетливост на окото на светлина. Доколку имате над 50 години и сте приметиле замаглување на видот, можно е да имате катаракта. Тоа е честа состојба кај повозрасни лица и може да се третира од страна на очен лекар со операција.

Прочитај повеќе
ХИРУРГИЈА НА ЗАДНИОТ СЕГМЕНТ НА ОКОТО

ХИРУРГИЈА НА ЗАДНИОТ СЕГМЕНТ НА ОКОТО

Една од методите од хирургијата на задниот сегмент на окото при аблација на ретината е и конвенционалната хируршка интервенција со примена на надворешни сунгерасти пломби кои се позиционираат на надворешниот дел на окото над руптурата на ретината и силиконска трака која го обвиткува очното јаболко . Тие имаат за цел со помош на притисок да ја прилепат настанатата руптура на мрежницата. Со оваа метода се постигнуваат добри резултати доколку се дијагностицираат аблациите на мрежницата во раната фаза.

Прочитај повеќе
КОМПЈУТЕРИЗИРАНО ОДРЕДУВАЊЕ НА ДИОПТРИЈА

КОМПЈУТЕРИЗИРАНО ОДРЕДУВАЊЕ НА ДИОПТРИЈА

Апаратот за компјутеризирано одредување на диоптрија служи за автоматско одредување на вкупната објективна рефракција на очите. Со помош на овој пристап и апарати, сосема брзо, безболно и точно се добива корекцијата на пациентот. Дигиталниот систем ја мери и предната закривеност на рожницата. Корнеалната закривеност, пак, во оваа смисла, е особено важна за одредување на типот на контактните леќи, како и за одредување на интраокуларната леќа што се вградува во окото по евентуалната хируршка интервенција на катаракта (старечко перде).

Прочитај повеќе
ЛАСЕРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА СЕКУНДАРНА КАТАРАКТА - YAG-LASER CAPSULOTOMY

ЛАСЕРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА СЕКУНДАРНА КАТАРАКТА - YAG-LASER CAPSULOTOMY

Задната капсулотомија е процедура која се користи за лекување на секундарна катаракта. За време на хирургијата на катарактата, вештачката интраокуларна леќа се вградува наместо природната заматена леќа. Секундарната катаракта резултира со задебелување на задната капсула зад вградената интраокуларна леќа. Замаглувањето се должи на пролиферацијата и акумулација на клетки, како и на фиброзно ткиво. К ористејќи го YAG ласерот, преку процесот на фотодисрупција се отстранува заматувањето и се обезбедува јасен вид каков што бил веднаш по операцијата на катаракта .

Прочитај повеќе
ЛАСЕРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА ЗАДНИОТ СЕГМЕНТ НА ОКОТО

ЛАСЕРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ НА ЗАДНИОТ СЕГМЕНТ НА ОКОТО

Ласерскиот третман се изведува во раните фази на болеста на ретината и тоа кај дијабетичните промени на очното дно, кај „инфаркт на окото“ (зачепување на централната ретинална вена или нејзина гранка), решавање на претечки руптури на ретината… Целта на ласерскиот третман е, меѓу другото, и да се спречи создавањето на нови, патолошки крвни садови, како и крварење од веќе создадени крвни садови. Ласерската фотокоагулација се изведува со специјални ласери со одредена бранова должина. Ласерските зраци со многу висока енергија, се фокусираат на оштетената мрежница. Ласерската фотокоагулација може да се направи со различни техники, односно: • Локализирана ласерска фотокоагулација. Оваа техника се користи во почетните фази на болеста кога нема многу новоразвиени патолошки крвни садови или кога е зафатена жолтата точка (дијабетична макулопатија). Со ласерските печати се уништуваат патолошките крвни садови и на тој начин се спречува појавувањето на крварење или на оток. Со оваа техника на ласерската фотокоагулација максимално се штеди ретиналното ткиво и се третираат ризичните места. За време на интервенцијата, се става минималниот потребен број на ласерски печати. Интервенцијата е краткотрајна, безболна и се изведува амбулантно. • Паретинална ласерска фотокоагулација. Оваа техника се користи доколку болеста зафатила поголем дел од мрежницата со појава на многубројни крвни садови при што се прави многу поопсежна ласерска интервенција. Целта на оваа интервенција е да се уништат ново развиените крвни садови на периферијата на мрежницата и целосно да се изгубат по неколку месеци. Бидејќи ласерските зраци не само што ги уништуваат патолошките крвни садови, туку и ткивото на мрежницата, после таквите екстензивни третмани, периферниот дел од видното поле се губи. Понекогаш третманот треба да се направи во неколку наврати.

Прочитај повеќе
ОПТИЧКА БИОМЕТРИЈА

ОПТИЧКА БИОМЕТРИЈА

Најновата генерација на оптичкиот бесконтактен биометар овозможува прецизна проценка на вредноста на интраокуларната леќа за вградување. Најновиот оптички биометар „Lenstar“ од компанијата „Haag-Streit“ од Германија поседува софтвер од најновата генерација за проценка на постоперативната диоптрија.

Прочитај повеќе
ОПТИЧКА КОХЕРЕНТНА ТОМОГРАФИЈА - OCT И OCT СО АНГИОГРАФИЈА

ОПТИЧКА КОХЕРЕНТНА ТОМОГРАФИЈА - OCT И OCT СО АНГИОГРАФИЈА

OCT (оптичка кохерентна томографија) претставува неинвазивна техника , односно оптичка биопсија на ткивото на ретината, која ни овозможува: целосeн увид во состојбата на ретината, точно одредување на дебелината на ретината и нервните влакна, на ретиналниот пигментен епител, како и на папилата на очниот нерв со помош на анализа на топографски слики во три димензии. На овој начин, добиените резултати ни овозможуваат на време да се постави точната дијагноза и да се спроведе соодветен третман. Покрај тоа, споменатото ни овозможува веднаш да му кажеме на пациентот за прогнозата, како и за третманот на болеста. Испитувањето го користиме кај сите ретинални заболувања (сенилна дегенерација на макулата, тумори, дијабетична и хипертонична ретинопатија) и кај глаукомот каде што можеме да ја следиме состојбата на слојот на нервни влакна на главата на очниот нерв (атрофија) и со тоа да го одредиме степенот на оштетување на истите, што е важно за одредување на типот на терапијата. OCT ангиографија OCT ангиографија претставува брза, неинвазивна, високо специфична метода кој овозможува увид во циркулацијата на крвта, како и увид во состојба на ретиналните и на хориоидалните крвни садови. Испитувањето за кое не е потребна посебна подготовка трае сосема кратко, најмногу до 5 минути. Исто така, оваа метода може да се врши и на тесна зеница, да се повторува и да се врши без контакт. Тоа може да се повторува секојдневно и не претставува ризик по здравјето на пациентот.

Прочитај повеќе
СОВРЕМЕНА АНТИ VEGF ТЕРАПИЈА

СОВРЕМЕНА АНТИ VEGF ТЕРАПИЈА

Анти VEGF (Anti-Vascular endothelial growth factor) претставуваат група лекови кои го спречуваат создавањето на васкуларниот ендотелијален растечки фактор кој се лачи од ткивото кое е послабо снабдено со кислород, а кое тежнее само да го надокнади недостатокот и лачејќи го овој фактор придонесува кон создавање на нови крвни садови кои би требало да го надокнадат овој недостаток на кислород носејќи му крв .

Прочитај повеќе
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ОЧНИ ПРЕГЛЕДИ КАЈ ДЕЦА - СТРАБОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ОЧНИ ПРЕГЛЕДИ КАЈ ДЕЦА - СТРАБОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ

Специјалистички офталмолошки преглед за деца на возраст од 4 до 6 години, потребно е да се направи пред детето да тргне во градинка или во училиште, а особено доколку во семејството постои историја со проблеми со видот од ваков тип . Специјалистички очен преглед за деца е особено важен, бидејќи за олеснето учење потребни се следниве вештини поврзани со видот: • Добар вид на близина и далечина; • Просторна координација; • Способност правилно да се движат и да се фокусираат очите; • Координација на око – рака. Најчестите проблеми со видот кај децата се кратковидоста, далекувидоста, астигматизамот, но, исто така, и страбизмот, како и некои други појави кои можат да предизвикаат слабовидност. Во оваа смисла, особено важно е рано да се воочат проблемите со видот кај децата бидејќи така ќе се постигнат и многу подобри резултати. Специјалистичкиот очен преглед за деца вклучува не само преглед на видната острина, т.е. диоптер, туку и: • Проверка на невролошка функција; • Координација на мускулите на окото; • Општата состојба на надворешни и внатрешни очни структури (определување агол кривогледство, тестирање на можноста на фузија, проверка на бинокуларниот вид, способност за фиксација, скијаскопија односно проверка на диоптрија на широка зеница, колорен вид). Скијаскопија е проверка на диоптријата на автоматски компјутерски рефрактометар, откако на детето сме му прошириле зеници со капки циклоплегик 1%; Cyclogyl или 0.5% Atropin. Со оваа постапка ние објективно го одредуваме диоптерот кај мали деца сѐ до школска возраст .

Прочитај повеќе
СПЕКТАР НА ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

СПЕКТАР НА ХИРУРШКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

ја опфаќа целата интраокуларна хирургија со користење на најмодерниот очен микроскоп од германскиот бренд „Moller-Wedel“, со користење на инструменти од компанијата „Geuder“ од Германија. Со цел да се постигне максимална безбедност на пациентот, опремени сме со најнова генерација на апарат за анестезија, централна станица за компресија и медицински гасови кои овозможуваат максимална сигурност на оперативниот процес.

Прочитај повеќе
УЛТРАЗВУК

УЛТРАЗВУК

A-scan систем на германската компанија „Tomey“ кој се користи за биометрија во случаи кога постојат многу зрели катаракти. B-scan системот, исто така од компанијата „Tomey“ е дводимензионален и задолжителен при прегледот на пациентите. Со предоперативен преглед со оваа метода се исклучува можноста дека за губиток на видот освен катарактата е одговорно и некое друго заболување: аблација на ретина, тумор, крварење и слично. На овој начин се избегнува повеќекратно оперативно лечење и се дава рационална прогноза за постоперативната видна острина.

Прочитај повеќе

Не сте сигурни кој преглед ви е потребен?

Јавете ни се или испратете барање. Нашиот тим ќе ви помогне да го закажете соодветниот преглед.

Контактирајте нѐ