Услуга

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ОЧНИ ПРЕГЛЕДИ КАЈ ДЕЦА - СТРАБОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ

Специјалистички офталмолошки преглед за деца на возраст од 4 до 6 години, потребно е да се направи пред детето да тргне во градинка или во училиште, а особено доколку во семејството постои историја со проблеми со видот од ваков тип . Специјалистички очен преглед за деца е особено важен, бидејќи за олеснето учење потребни се следниве вештини поврзани со видот: • Добар вид на близина и далечина; • Просторна координација; • Способност правилно да се движат и да се фокусираат очите; • Координација на око – рака. Најчестите проблеми со видот кај децата се кратковидоста, далекувидоста, астигматизамот, но, исто така, и страбизмот, како и некои други појави кои можат да предизвикаат слабовидност. Во оваа смисла, особено важно е рано да се воочат проблемите со видот кај децата бидејќи така ќе се постигнат и многу подобри резултати. Специјалистичкиот очен преглед за деца вклучува не само преглед на видната острина, т.е. диоптер, туку и: • Проверка на невролошка функција; • Координација на мускулите на окото; • Општата состојба на надворешни и внатрешни очни структури (определување агол кривогледство, тестирање на можноста на фузија, проверка на бинокуларниот вид, способност за фиксација, скијаскопија односно проверка на диоптрија на широка зеница, колорен вид). Скијаскопија е проверка на диоптријата на автоматски компјутерски рефрактометар, откако на детето сме му прошириле зеници со капки циклоплегик 1%; Cyclogyl или 0.5% Atropin. Со оваа постапка ние објективно го одредуваме диоптерот кај мали деца сѐ до школска возраст .

СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ОЧНИ ПРЕГЛЕДИ КАЈ ДЕЦА - СТРАБОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ

Закажете преглед

Нашиот тим ќе ве води низ целиот процес — од првиот преглед до контролите.