За Деница

Се грижиме за вашите очи

Современа офталмолошка опрема, искусен тим и услови создадени за сигурна дијагностика и оперативно лекување.

Просториите на болницата Деница

Синоним за премиум услуги

Специјалната болница за очни болести „Деница“ постои од април 2017 година. Се наоѓа на улицата „Варшавска“ број 6 во мирната скопска населба Тафталиџе.

На околу 500 м², во наменски дизајниран простор, сместени се модерно опремени ординации, кабинети и операциони сали кои располагаат со најнова технологија и апаратура.

Простор создаден за целосна грижа

Три целосно опремени офталмолошки ординации

Кабинет за подготовка на пациенти за преглед

Кабинет за функционална дијагностика

Кабинет за OCT

Комплетно опремен оперативен блок

Кабинет за ултразвук и ласер терапија

Кабинет за флуоресцеинска ангиографија

Дневна болница

Дијагностика и хирургија

Во чекор со современата офталмологија

„Деница“ располага со најсовремена офталмолошка опрема, без која не би можело да се постигнуваат врвни резултати, како во дијагностиката, така и при оперативните зафати.

Спектарот ја опфаќа интраокуларната хирургија, хирургијата на катаракта и глауком, ретиновитреалната хирургија, како и интервенциите со ласер.

Погледнете ги услугите
Современа медицинска опрема во Деница